Изложба и перформанс денеска на улица „Македонија“

Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет” денеска на улица „Македонија“ во Скопје ќе изведе уличен перформанс, во кој ќе бидат вклучени дваесеттина поети, просветни работници, новинари и ученици кои на подарок добиле слика од уметникот Живко А. Поповски Цветин.

Како што најавија од здружението, во рамки на перформансот, ќе бидат изложени сликите кои уметникот им ги подарил на учесниците, а  тој пак ќе го изложи своето дело „Цветна патека на мирот“.