Изложба и научен собир за Дичо Зограф

Во Ликовниот салон на МАНУ вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Иконите на Дичо Зограф“ посветена на еден од најпознатите иконописци и фрескосликари на Балканот во 19 век.

Дичо Зограф (Димитар Крстев Дичов, познат и како Дичо Крстевиќ) во својот живот насликал повеќе од 2 000 икони за потребите на црквите во Македонија, Србија и Грција.

Изложбата вечер ќе ја отворат претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и д-р Сашо Цветковски од ИЦКН „Цветан Грозданов“ при МАНУ.

МАНУ и Македонската православна црква – Охридска архиепископија утре и задутре ќе организираат и меѓународен научен собир „200 години Дичо Зограф (1819-2019)“.