ИЗЛОЖБА: Графики и принтови од Лирим Хоџа

Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 1, вторник, 11 декември 2018 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на графики и принтови насловена EULOGY од Лирим Хоџа.

Изложбата ќе биде отворена до 15. 12. 2018 година.

Лирим Хоџа студиите за графички дизајн ги завршил на Универзитетот Ланкашир, Англија. Во 2013 год. дизајнирал мебел за фабрика „Тефик Чанга“, 2014 - 2017 год. бил соработник за графички дизајн во САЛТАНЕТ Маркетинг Агенција и 3 месеци летото 2018 год. работел како графички дизајнер во агенцијата New Moment.