Излезноста до 17 часот на избирачките места во Кочанско над 45 отсто

Излезноста до 17 часот на 113 избирачки места во четирите општини во кочанскиот регион надмина 45 отсто. Според информацијата од Општинската изборна комисија во Кочани на два часа пред затворањето на гласачките места гласале вкупно 14.780, односно 44,98 отсто граѓани.

Во соседната општина Виница до истиот период својот глас го дале 7.823 или 45,7 отсто гласачи, а во Чешиново-Облешево 2.672, односно 48,8 отсто.

Во Зрновци излезноста е слична на просекот во микрорегионот и своето избирачко право го оствариле 1.146 или 44,9 отсто од граѓаните. Во текот на изминатите десет часа од изборниот процес, општинските изборни комисии во четирите општини од регионот не регистрирале поголеми проблеми.