Излезност до 11 часот: 11,90%, гласале 215,931 граѓани

Државната изборна комисија објави на својата страна дека излезноста на избирачките места до 11 часот е 11,90 проценти. Досега своето право на глас го оствариле 215,931 граѓани кои гласале на предвремените парламентарни избори, а податоците се однесуваат за 3,147 избирачки места.

По изборни единици податоците до 11 часот се следни:

ИЕ 1 – излезност од 14,63 проценти

Најголема излезност има во Македонски Брод 21,52 проценти, општина Аеродром 19,95 и Кисела Вода 19,86 пропценти, додека најниска излезност има во Студеничани од 6,05 проценти

ИЕ 2 – излезност од 12,75 %

општина Ѓорче Петров најголема излезност со 18,78 проценти, додека најниска излезност има во Липково од 4,4 проценти

ИЕ 3 – излезност 16,29 %

општините Крива Паланка 19,02 % и Пробиштип 22,79 проценти имаат најголема излезност.

ИЕ 4 – излезност од 17,16 %

општина Новаци најголема излезност со 26,89 проценти

ИЕ 5 – излезност од 13,89 %

општина Демир Хисар најголема излезност со 21,6  проценти, додека најниска излезност има во Центар Жупа од 5,69 проценти

ИЕ 6 – излезност од 8,21 %

општина Јегуновце најголема излезност со 10,28 проценти,