
Жена од тетовско е тешко повредена откако со „голф“ излетала од пат и удрила во метална ограда.
- На 17.02.2026 во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово- село Требош, 40-годишната З.М. од с.Требош, тетовско, управувајќи патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, излетала од патот и удрила во метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.М., констатирани во Клиничка болница Тетово, информираа од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.