Излетал од пат - Тешко повреден маж од беровско

58-годишен маж од беровско е тешко повреден во сообраќајна незгода која се случила вчера пред полноќ. 

На 22.03.2023 околу 23.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Виница-с.Смојмирово, беровско, во с.Манчево, беровско, патничко возило „фолксваген туран“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(58) од с.Будинарци, беровско излетало од патот.

По несреќата, С.Л. бил пренесен во Медицински центар Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.