
28-годишник од демирхисарско село е тешко повреден откако со возило излетал од пат и удрил во дрво.
- На 13.05.2026 во 05:16 часот во Полициското одделение Демир Хисар е пријавено дека на регионалниот пат Демир Хисар - Битола, на место викано „Чагор“, патничко возило „шкода“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од М.А.(28) од село Бараково, демирхисарско, излетало од патот и удрило во дрво. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.А., констатирани во Клиничка болница Битола, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа.