Излетал од пат и се превртел, тешка сообраќајка во Скопје

Во 20.00 часот синоќа се случила сообраќајна незгода на локалниот пат Кадино – Миладиновци, кај Кадински мост.

Од МВР денеска информираат дека патничко моторно возило„БМВ Х5„ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот С.Н  од Скопје, излетало надвор од коловоз и се превртело.

Со повреди се здобил возачот кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и му се констатирани тешки телесни повреди.