Излета мотоцикл, две лица тешко повредени

На 09.05.2022 околу 13.38 часот во СВР Штип било пријавено дека на улица „Сремски фронт“, мопед „априлија“, со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Ч.(23) од Штип, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мопедот М.И. (22) од Штип, а со телесни повреди се здобил возачот М.Ч. констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.