Изиграни станари бараат правда: Добиле клуч ама становите немаат струја ниту вода

Добиле клуч ама становите немаат струја ниту вода. 40-тина станари од Кисела Вода цели пет месеци чекаат инвеститорот да ја приклучи зградата на електро и водоводната мрежа.

Според договорите, крајниот рок за вселување изминал на 30 април. И покрај ова, објектот лоциран зад спортската сала „Расадник“ се уште зјае празен.

Станарите обвинуваат дека инвеститорот не ги завршил ниту становите. Оние кои влегле во домовите објаснуваат дека недовршени се тоалетите а ниту скалилата се во употреба.

Овие луѓе не знаат кога ќе може да се вселат во своите домовите. Велат дека компанијата Монтеко секојдневно им ветувала оти следната седмица ќе можат да се вселат. Обвинуваат дека со парите кои ги платиле за становите, фирмата почнала да гради нова ламела до нивната зграда.