Нискобуџетната компанија „Изиџет“, откако ги прекина летовите кон Македонија, планира повторно да се врати на пазарот. Овој пат во нивните планови е да летаат кон само една линија Скопје - Париз.
Од Скопје ќе се лета до Париз почнувајќи од пролет, односно на аеродромот „Орли“ кој е 20 километри од главниот француски град. Сега има линија на „Визер“ до Париз, но до аеродромот „Буве“ кој е 90 километри подалеку од Париз.