Изгубил контрола и се превртел со возилото, две млади лица повредени

На  20.05.2019 година во 18:30 часот на ул.„1“ во село Сарај, скопско, трактор со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.С.(25) од истото село, изгубил контрола и се превртел.

Притоа, возачот Ј.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека 15-годишен сопатник од село Грчец се здобил со телесни повреди.

Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.