Изгубил контрола и паднал од мопедот, тешко повреден скопјанец

Вчера во 17.30 часот на крстосница од улица „Мите Богоевски“, улица „Горно Лисиче“ и улица „Ѓорге Андреевиќ-Кун“ во Скопје, З.Н.(44) од Скопје, управувајќи мопед „Априлија“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот.

Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот З.Н. кој со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.