Во СВР Битола било пријавено дека вчера околу 23 часот 46-годишниот М.С. додека управувал мопед „јијинг" со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Несреќата се случила на крстосницата на ул.„8 Септември“ и ул.„Арон Ароести“ во Битола.
„М.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола“, пишува во полицискиот билтен.