Изгубил контрола и паднал на коловозот - настрада уште еден мотоциклист

57-годишен мотоциклист е тешко повреден откако со мотоцикл паднал на коловозот. 

На 06.06.2022 околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ангел Динев“ и ул.„Војвода Васил Чакаларов“, З.Ј.(57) од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, соопштија од МВР. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“.