Изгубено-најдено: На овие места може да ги побарате и пријавите изгубените предмети

Скопјани често, поради невнимание, остануваат без своите предмети, но можат постојано да имаат увид во оние кои полицијата ги наоѓа, службата "Изгубено-најдено" на ЈСП  како и на Фејсбук.

МВР - “Изгубени/ најдени предмети"

Целта на апликацијата на МВР е сите заинтересирани граѓани да може да проверат кои предмети се пронајдени и пријавени во полиција, без да одат постојано во станиците за да се информираат. Прегледот може да се прави според подрачјето на полициската станица каде што е изгубен или пронајден предметот и според категоријата на предметите. 

"Изгубено-најдено" на ЈСП

Службата "Изгубено-најдено" се наоѓа во населбата Автокоманда, на булеварот "Александар Македонски", во рамките на Дирекцијата на ЈСП "Скопје". Во депото има паричници, документи, здравствени книшки, разни торби од пазар и слично. Откако граѓанинот ќе се јави на телефон 02/3122634 и ќе информира за предметот кој го изгубил, остава податоци и негов телефонски број за контакт. Ако, евентуално, предметот се пронајде, од службата ќе го информираат повратно. Потоа лицето доаѓа во службата 'Изгубено-најдено' и си го подига предметот. 

Се огласува и на Фејсбук

На Фејсбук постојат повеќе страници и групи на кои граѓаните огласуваат изгубени и пронајдени предмети и животни. И страниците функционираат одлично, затоа што луѓето меѓусебно си помагаат. Тука најмногу се бараат изгубени миленичиња, но и се информира за пронајдените. Се бараат и пронаоѓаат и клучеви, паричници, документи, велосипеди, ранци и мобилни телефони.