Изгубени лица, луѓе со скршеници - тимот за спасување на Водно со полни раце работа

Луѓе со скршеници, повозрасни граѓани кои добиле мозочни или срцеви удари додека биле на планина, се само дел од случките во кои биле вклучени обучените членови на тимот на планинската станица на Водно „Даре Бомбол“.

Сите што имале каква било незгода на планината и го завртеле телефонскиот број 075 432-355 и 02/3177-026 може да посведочат дека момците од единицата за итна интервенција на планина при Црвен крст на Скопје реагираат веднаш и овозможуваат прва помош.

Спасителна станица на Водно, сопственост на Црвениот крст на град Скопје, прва и единствена во Македонија, функционира неколку години. Со изградбата на Милениумскиот крст и асфалтирањето на патот до врвот на планината, бројот на излетниците и туристите е видно зголемен, а зголемен е ризикот од разни повреди и потребата од нивно згрижување.

Меѓутоа, волонтерите на Црвениот крст на Скопје, поточно тимот за спасување на планина, кои се оспособени за стручно, брзо и ефикасно укажување на помош во изминатиот период беа гаранција за безбедноста на посетителите на планината Водно. Тие викендите и празниците обезбедуваа дежурство во Спасителната станица и резултатите се очигледни. На лесно повредените прва помош им беше укажана на самото место, а потешко повредените, по укажаната прва помош, со возило на Црвен крст ги транспортираа до најблиската здравствена установа.

Покрај интервенициите од прва помош, дежурните планинари им помагаа на излетниците за нивна ориентација, организираа потрага по исчезнати лица, преку нагледни вежби ги едуцираат излетниците, ги маркираа патеките и сл.

cheap nike free run 5.0