Изградена улицата 81 во населено место Волково

Во пет населени места во општината Ѓорче Петров интензивно се работи на изградбата на уличната мрежа и се вршат активности за изградбата на повеќе од 20тина улици. По налог на Град Скопје, денес екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје работат на изградба на кракот 2 од улицата 81 во населеното место Волково, а деновиве го асфалтираа кракот 1 од улица 81 на површина од 800 квадратни метри.

Од почетокот на оваа градежна акција, асфалтирани се улиците 46, 46А, 68, 4, 6 и 10 во населеното место Кисела Јабука, улиците 3, бб, 73, 21, 23, 77, улица 100 десен крак и крак 1 од улица 81 во населеното место Волково, како и улица 1 лев крак и улица 1 десен крак во населенoто место Ново Село.

Градежните активности на терен и во наредниот период продолжуваат со забрзана динамика со цел изградба на патна инфраструктура во должина од пет километри.