Изградбата на новиот паркинг во Ново Лисиче во завршна фаза

Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин денеска изврши увид во градежните активности на новиот паркинг што се наоѓа во непосредна близина на детската градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче.

Изградбата на овој паркинг-простор, со кој се обезбедуваат 50 нови паркинг-места е во завршна фаза.Паркингот е адаптиран на посочениот простор и притоа се зачувани дрвјата на постоечката локација.

Со неговата изградба се решава долгогодишниот проблем на жителите од околината. Општина Аеродром во изминатиот период, исто така, ги прошири паркинзите на три локации во непосредна близина на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.
Општината продлжува со реализација на инфраструктурни проекти за проширување на постојните и изградба на нови паркинзи на ниво на целата територија.