Изградба и подобрување на системот за зафаќање на атмосферските води во Кадино

Во рамите на реализацијата на еден од приоритетните проекти на општина Илинден „Изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферските води“, во текот на овој месец во н.м. Кадино изградена е атмосферска канализација во должина од 215 метри, со поставување на бетонски цевкасти пропусти  Ф-500 мм, со цел  зафаќање и одведување на атмосферските води од централниот дел на ова населено место, како и заштита на патната инфраструктура.

Со реализацијата на овој проект се опфатени улиците „7“, „8“ и улица „10“, со што е извршено одводнување на површина од 96.000 квадратни метри. Со ова е даден голем придонес во решавањето на проблемот со високото ниво на подземните води и можноста од поплавување на куќите и имотите што го имаа околу 300 жители од ова населено место.

Поради рамничарскиот терен на кој што се наоѓа oпштината, подложен на покачување на нивото на подземните води, интензивно и континуирано се работи на одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали со кои се овозможува зафаќање и непречен проток на атмосферските води и високите подземни води.

Од почетокот на годината, во рамките на реализацијата на проектот Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали досега се исчистени се 17.000 метри од каналската мрежа во приоритетните области на општина Илинден.