Изгореа пет возила во гаража во Батинци, повреден е маж

Маж повреден при пожар на повеќе возила во гаража во скопско Батинци. Возила биле сопственост на две фирми, а пожарот се случил сред ноќ. 

На 12.02.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во гаража во село Батинци, скопско, опожарени се три патнички возила - „ауди“ со скопски регистарски ознаки, „фолксваген голф 7“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „фолксваген голф 8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на две правни лица од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а при гаснење со повреда се здобил 48-годишен маж од Батинци, информираа од МВР. 

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.