Изгореа два автомобили во Влае

Два автомобли изгореа утринава во близина на Порта Влае.

Како што објави Сител, инцидентот се случил околу 04:30 минути.

Жителите кои утринава ги забележале изгорените автомобили, велат дека не е прв пат во овој дел од градот да се палат возила.

Командирот на противпожарната бригада Владимир Симоновски информира дека интервенирале со две противпожарни возила и 5 пожарникари.