Изгореа два автомобила во Скопје

Ноќва во 03.35 часот во ЕИК е добиена пријава дека во Скопје, на ул„Гоце Стојчевски“, на паркингот зад црквата Св.Никола имало целосно изгорено возило „југо скала 101“ сопственост на В.К. од Скопје.

Исто така опожарено е и возило „ауди А5“ сопственост на С.И. во пределот на левото крило, гума, браник и има скршено ветробраното стакло.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.