Ноќеска околу два часот по полноќ во скопско Ново Село изгоре „мерцедес“, кој бил сопственост на чувар од затворот „Идризово“ и ова е петто возило во последните шест месеци кое изгоре под чудни околности, објави „Макфакс“.
„Мерцедесот“ бил паркиран во дворот на чуварот, а неофицијално сомнежите се дека пожарот во возилото е подметнат.
-Љ.К. сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Во изминатиот период беше запален и автомобилот на заменик-директорот на затворот „Идризово“.