Изгоре најстарата семкара во Бутел

Пожар избувнал синоќа во најстарата семкара во скопската населба Бутел, пренесува „24 инфо“.

Станува збор за трафика од која не останало речиси ништо.

Од Бригадата за противпожарна заштита велат дека пожарот од непознати причини избувнал во објектот на улица Бутелска.

Според неофицијални информации, најверојатно станува збор за дефект на електрична инсталација.