Изгоре музичко студио во Скопје

Вчера било пријавено дека во Скопје на ул. „Никола Парапунов“, од засега непознати причини избувнал пожар во објект, сопственост на 54-годишниот В.Р.  од Скопје.

Според информациите на МВР, избувнал пожар во просториите, кои претходно се користеле како музичко студио, целосно се изгорени три сета удирачки инструменти, четири појачувачи, четири гитари, неколку микрофони и друга музичка опрема.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита и повредени лица нема.

Увид ќе се врши на денеска , по што ќе се утврдат причините за настанување на пожарот.