Изгоре куќа во Скопје

Противпожарната единица на Град Скопје ноќесна интервенираше на гаснење на пожар во куќа на булеварот ,,Македонска бригада 3″ во Скопје.

Пожарот зафатил куќа, при што се опожарени 40 квадратни метри и според првичните проценки предизвика е материјална штета од еден милион денари.

Пожарот бил гаснат од 20,35 до 2,15 часот изутринава. Интервенирано е со 6 возила и 12 пожарникари.