Изгоре БМВ во скопско Батинци

Околу 01 часот и 30 минути во полицијата во Драчево пријавено е дека во селото Батинци-скопско, на улицата „4“ имало опожарено патничко возило „БМВ“. Возилото на 27-годишниот К.С.од Батинци, било паркирано во гаража која не била обезбедена со врата. Пожарот бил локализиран од страна на екипа на Противпожарната единица.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за опожарувањето на возилото како и целосно расчистување на случајот.