Изгоре автомобил во Скопје

Вчера, во Скопје изгорел автомобил, а повредени лица нема.

Според извештајот на МВР пожарот настанал на улицата „Коце Металец“ во патничкото возило „Опел Корса“, со скопски регистарски ознаки кое било во сопственост на Е.Ѓ.(51). 

Пожарот бил изгаснат ведаш од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

На местото на несреќата треба да се изврши увид во текот на денешниот ден.