Изгласан ребалансот на буџетот на општина Ѓорче Петров - еве кои проекти ќе се реализираат

На денешната седница на Совет на Општина Ѓорче Петров беше предложен и изгласан ребаланс на буџетот со кој се даде поддршка на повеќе капитални проекти, а се издвоија и дополнителни средства за справување со енергетската криза и високите сметки за електрична енергија:

 Дополнителни 13.800.000 денари за електрична енергија

Дополнителни 1.000.000 денари за изградба на системот за водоснабдување во с.Кучково и решавање на проблемот

Дополнителни 900.000 денари за кофинансирање на проект за фекална канализација на ул. Радушка

 2.000.000 денари средства за кофинансирање на проект за реконструкција и преадаптација на старото училиште во с. Кучково во центар за рехабилитација на деца лекувани од канцер, проект од регионален и национален интерес

 6.000.000 денари за изведба на завршни градежно занетчиски работи во објектот на новата општинска зграда

Дополнителни 1.500.000 денари за изградба на нова канализациона мрежа

Дополнителни 1.000.000 за нова водоводна мрежа