Изгаснат пожарот во Бутел 1, пламнал кровот и на соседната барака

Пожарот кој зафати кровна конструкција на барака во скопската населба Бутел 1 е изгаснат. Од пожарот бил опожарен и дел од кровот на соседната барака.

На терен интервенирале 15 пожарникари со пет противпожарни возила. Причините за пожарот и матерјалната штета допрва ќе се утврдуваат.