Издадени 593 решенија за изолација, за неносење на маски регистрирани се речиси 1000 прекршоци

Во текот на изминатото деноноќие на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 975 прекршоци.