Издадени 217 решенија за изолација, 845 лица казнети за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие на 217 лицa им се издадени решенија за изолација, а 63 лицa потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека три лица не ги почитувале мерките.

По однос на мерката за неносење заштитни маски регистрирани се 845 прекршоци.