Изчезнато 11 годишно девојче од Сарај, таткото бара помош и од граѓаните

Шефкет пред една недела ја испратил 11 годишната ќерка до Домот 25-ти мај и се вратил во сместувачкиот дом Чичино Село каде живее со сопругата. Од тогаш не слушнал ништо за Рамиза.


Загрижениот татко со слика од неговото чедо бара помош од граѓаните.

„Од домот ми рекоа дека пријавиле во полиција, секаде ја барав ја нема. Не знам каде да се обратам, од домот ми рекоа оди во Канал 5 нека ви помогнат“, раскажува Шефкет Ибраими, таткото на исчезнатото девојче.

Девојчето од својата петта година живее во домот поради тоа што тој и неговата сопруга одлежувале три годишна затворска казна. Од тогаш девојчето имало судбина да живее по загрижувачки семејства, се враќало во домот, од време на живеело со нив, но поради условите во Чичино село се враќало во домот.

Од домот 25-ти мај објаснуваат дека детето го нема една недела пријавиле и во полиција. Последен пат го виделе со таткото. Девојчето знаело без најава да замине и од загрижувачките семејства. Родителите преку нашата телевизија замолија доколку некој ја  препознае да пријави во полиција или во домот.