Избувнал пожар во Скопје, починала повозрасна жена

На 19.10.2021 во 07.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско-косовска бригада“ настанал пожар во куќа, во која била пронајдена почината Р.С.(81) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт од задушување со чад.

Извршен бил увид и по наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.