Избувнал пожар пред болница во Скопје

Вчера попладне во Скопје на улица „Коце  Металец“ во близина на паркингот на болницата „Ремедика“, избувнал пожар, при што е опожарена сува трева и нискостеблеста шума, соопштуваат од МВР.

Поради  опасност од ширење на пожарот, со возила (пајак), било  пристапено кон подигање и дислоцирање на веќе паркираните возила, со цел безбедно локализирање на пожарот. Сообраќајот бил пренасочен, а пожарот набргу е изгаснат од екипи на Бригадата за против пожарна заштита.

Поради сомнение дека го предизвикал пожарот во Полициската станица од општа надлежност  Гази Баба приведен е 65-годишниот П. Н. од Скопје.

Полицијата ги презема потребните мерки за расчистување на случајот.