Избувна пожар во населбата Пролет

Пожар изби денеска во зграда во близина на Транспортен центар, во населба Пролет.

Според првичните информации од Противпожарната бригада, се работи за пожар предизвикан од запалено ѓубре во стан на приземниот кат.

На терен се три противпожарни возила, а повеќе детали се најавуваат по завршување на интервенцијата.