Избувна пожар автобус на ЈСП

Вчеравечер избувнал пожар во автобус на ЈСП, во една од приградските линии.

На 04.05.2022 во 19.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Пакошево, скопско, настанал пожар во автобус сопственост на ЈСП, кој сообраќал на релација с.Ново Село-с.Зелениково.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од Пoлициската станица Драчево.