Избрани добитниците на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2019

Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, денеска, по спроведеното тајно гласање, официјално ги соопшти добитниците на ова признание за 2019.

Тајното гласање го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2019 година се:

Од областа на науката:

 Проф. д-р  ХРИСТИНА СПАСЕВСКА (Професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии)

 „Универзитет Свети Кирил и Методиј“- Скопје

 -за остварувања во науката, техниката и стопанството од областа

 Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

Од областа на хуманитарната активност:

 д-р ЖИКИЦА ЃОРЃИЕВСКИ (Д-р стоматолог)

-за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик

Од областа на културата:

д-р ДИТА СТАРОВА ЌЕРИМИ (Директор на Националната галерија)

 -за посебен придонес во културата и севкупниот развој и афирмација на Град Скопје

Од областа на уметноста

 ФРОСИНА ЗАФИРОВСКА (Кустос советник во пензија)

 -за  значајни достигнувања во областа на музејската дејност, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот

БИСЕРА ЧАДЛОВСКА (Диригент)

 -за континуирано успешно творештво во областа на музичката уметност

Од областа на публицистиката:

  1. ЕРИНА БОГОЕВА (Фотограф)

 -за изработка и издавање на монографијата со фотографии „Скопје-архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“

  1. АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ  (Музички педагог, истражувач и публицист)

 -за значаен придонес во областа на културата,уметноста и литературата со   објавувањето на книгата “Музиката во македонскиот игран филм од Фросина  до Лазар“

 Од областа на спортот:

  1. КАРАТЕ КЛУБ РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ 

   -за 50 години постоење и постигнати врвни спортски резултати на домашен и меѓународен план

  1. 2. АЛИЛИ БЕСИР (Спортист-борење)

-за освоено прво место на Европско првенство во борење за кадети

Ученици и студенти

  1. АНА МАРИЈА АТАНАСОВСКА (Ученик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “-Скопје)

  -за постигнати резултати во воннаставни активности

  1. СТЕФАН СТОЈКОВИЌ (Ученик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “-Скопје)

 -за успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот.

Наградата може да се додели и на физички и  правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.