Избрани добитниците на државната награда „Мајка Тереза“ за 2017 година

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот  на својата седница одржана на 7.6.2017 година донесе одлука за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ во 2017 година...

Одлука за доделување на државната награда„Мајка Тереза” во 2017 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, државната награда им се доделува на:

- Миливоје Јанковски и

- проф. д-р Венера Крлиу - Ханџиски