Избор за најуспешен скопски градоначалник за 2018 година

Како заокружување на 2018 година, интернет порталот Скопје инфо и оваа година ја спроведува анкетата преку која граѓаните може гласаат за градоначалникот кој работеше најнапорно и беше најпосветен на потребите на општината и граѓаните во изминатата 2018 година.

Во периодот меѓу 17.12.2018-10.01.2019 граѓаните ќе можат да го дадат својот глас за еден од градоначалниците на листата, по што на свечена церемонија ќе биде доделено признанието за најдобар градоначалник, на оној кој ќе добие најмногу гласови од граѓаните.

Сите кои што сакаат да гласаат може својот глас да го дадат на следниот линк: https://skopjeinfo.mk/pollim/2

„Анкетата има за цел да ги избере, награди и поттикне градоначалниците да работат во полза на граѓаните, да ги исполнуваат своите програми и ветувања и да бидат отчетни пред граѓаните. Ова е трета година како веб порталот Скопје Инфо ја спроведува оваа анкета. Првите две години гласањето предизвика голем интерес и тоа беше причина истото да го повториме и оваа година. Плановите се во иднина анкетата да продолжи да се реализира секоја година“, вели Берта Мартиноска, новинар во редакцијата на Скопје Инфо.

new nike air max 2019