Избледените пешачки премини во Кисела Вода голем проблем за жителите

„Пешачки премини по сеќавање“, вака граѓаните ги нарекуваат „зебрите“ во близина на бензинската пумпа Мечкаров, кај Расадник.

Сообраќајот на оваа улица е доста густ, а во близина има и основно училиште и градинка. Речиси е невозможно да се премине улицата, бидејќи овие пешачки премини се избришани и едвај видливи, а возачите ги игнорираат и оние остатоци кои може да се забележат на коловозот. 

Граѓаните се прашуваат дали треба да се случи некоја несреќа, за да се исцртаат одново овие „зебри“?