Изберете врата и откријте ја вашата порака за оваа пролет

Секоја врата на сликата подолу содржи посебна порака која можеби во моментов би ви била многу корисна. Изберете една од нив и прочитајте ја пораката на мудроста. 

Понекогаш животот станува комплициран и знае да изненади со ситуации кои не сме ги очекувале. Во овој момент мудрите совети може да ни помогнат да продолжиме напред. Овој тест ви нуди зборови на поддршка.

ВРАТА БРОЈ 1

„Секогаш бидете малку пољубезни отколку што е потребно.“ – Џ.М. Бери

Често во животот кога налетуваме на потешкотии, веруваме дека не е потребно да се биде љубезен и протен кон другите. Тоа е затоа сме лути и мислиме дека имаме право да бидеме непристојни. Но, мора да запамтиме дека добрината секогаш е корисна. Човечноста, почитта и одлучна се многу вредни карактеристики, затоа што им го разубавуваат животот на другите луѓе, носејќи ни позитивна енергија. Секогаш бидете љубезни, тоа ќе ви донесе само позитивност и радост во вашиот живот.

ВРАТА БРОЈ 2 

„Бродот на пристаништето е посигурен отколку на отворено море, но не е изграден за тоа.“ – Бодо Шафер

Зоната на удобност може да биде многу опасна. Се навикнуваме на таквата рутина и веруваме дека така ни е подобро, но тоа не е секогаш вистина. Запомнете дека секоја личност е способна да направи многу, но за да постигнете одлични резултати, не треба да се ограничувате заради стравот од напуштањето на своето удобно опкружување. 

Не сте создадени за да стагнирате, туку да живеете во хармонија со светот и да се развивате заедно со него. Кога добивате вредни лекции, растете како личност. Имате повеќе желби и храброст за животот, не се навикнувајте на ништо што не ви дава чувство на исполнетост. Вашиот живот ќе се промени кога ќе си дадете можност да излезете од вашата удобна зона.

ВРАТА БРОЈ 3

„Два најмоќни воини се трпението и времето.“ – Лав Толстој

Колку често се посакувале работите да се одвиваат онака како што вие сте ги замислиле? Колку често ен сте имале трпение да почекате додека работите не се подобрат? На крајот, на тој начин се саботирате и себеси и си ја загрозувате среќата.

Мораме да сфатиме дека времето си тече по својот тек и тоа секогаш тече во насока на она што е најдобро за нас. Потребно е да развиеме трпение за да ги прифатиме животните циклуси. Благодарејќи на тоа ќе живееме во мир со себеси и ќе сфатиме дека работите се случуваат со причина. Имајте трпение и надевајте се дека времето ќе ги постави работите на свое место. На крајот сè ќе биде во ред.