Изберете симбол и откријте за што е дојдено време во вашиот живот

Изберете еден од симболите и откријте што треба да се случи во вашиот живот.

1 – Време е да се опуштите и да му верувате на универзумот. Наместо да се трудите да се борите против тоа што се случува, потребно е да си допуштите себеси да се движите со ритамот и текот на животот. Морате да престанете на сила да ги правите работите и да уживате во сегашноста, бидејќи не знаете колку трае животот. Вашиот следен чекор ќе се случи кога ќе успеете да се сосредоточите на вашите вистински цели.

2 – Границите не се лоша работа, а време е вие сега да поставите граници. Кога ќе го направите тоа, вашиот живот ќе добие структура и лидерство кои ќе ви овозможат да го постигнете тоа што го сакате. Морате да се посветите на тоа да преземете одговорност да престанете да ги трошите времето и енергијата на луѓе и ситуации кои не ви носат ништо добро. Можеби звучи застрашувачки, но тоа е тоа што ви е потребно во овој момент.

3 – Вие сте на вистински пат. Иако работите не ни се секогаш јасни, оваа порака ви покажува дека се ќе биде во ред. Вие го следите својот највисок пат и иако имате многу прашања, вашиот живот се движи во добра насока. Верувајте во себе и во моќта на универзумот.

4 – Време е да се ослободите од минатото. Премногу сте заглавени во нешто што се случувало некогаш. Престанете да тагувате, бидејќи време е да се движите кон индината. Постојаното повторување на некои работи не ви носи никаква корист. Никогаш нема да сте во можност да продолжите напред, ако постојано се навраќате на минатото.

5 – Работите брзо се одвиваат и потребно е да поставите нови цели и намери. Животот оди со огромна брзина и важно е да го следите тоа. Идеално време е да откриете што сакате. Запрашајте се што ве прави среќен и правете го тоа почесто. Резултатите не доаѓаат веднаш, но барем ќе знаете точно што сакате.

6 – Премногу сте насочени кон надворешните работи, а многу малку кон внатрешните. Длабоко во вашето срце лежи одговорот на многу прашања, но потребно е да го смирите својот ум. Живеете во хаос, кој не ви помага да бидете среќни. Медитирајте, одете на прошетка, направете нешто за да бидете среќни.

7 – Работевте многу напорно и посветено, а сега е време за одмор. Одвојте малку време за себе и уживајте во деновите. Направете нешто спонтано, дајте си одмор за да се подготвите за нештата кои следат. Наградете го своето тело со органска храна или козметика, дружете се со луѓето кои ги сакате, насмејте се. Среќата е во малите нешта.

8 – Време е за поврзување. Со самите себеси, со луѓето околу вас, со природата. Не сте сами, вие сте дел од светот и морате да го запаметите тоа. Пронајдете подлабока поврзаност со луѓето и најдете го својот мир.

9 – Сте направиле се што треба да биде направено и сега е време да уживате во плодовите на вашите успеси. Имате знаење и спокој за да направите се што ќе посакате. Работевте многу на својот раст и развој, а сега го имате потребното знаење. Помогнете им на другите околу вас, раскажете ја својата приказна.