Изберете го омилениот: Кој од овие тројца диџеји сакате да дојде во Скопје?

„Вин мјузик фридам“ на клаберите им овозможи да изберат диџеј што сакаат да го видат во Скопје. Еве каков избор им понуди:

Единствената Мис Китин можно е конечно да ја видиме и во Скопје. Досега можевме да ја гледаме на фестивалите и на настапите во регионов. "Вин мјузик фридам" на клаберите им даде можност да ја изберат за да гостува во Скопје. Французинката Каролин Херв, која настапува под името Мис Китин препознатлива е по единствената комбинација на вокали во својот електросет.
Оваа диџејка, текстописка и пејачка на електронската сцена е присутна од 1998 година. Оттогаш настапува на светски познатите фестивали, а и самостојно. Публиката ја препознава нејзината енергичност и низ настапите и низ музиката што ја создава.

Рикардо Вилалобос е "superstar" диџеј, роден во Сантијаго, Чиле.
Неговото семејство бега од режимот на Пиноче и во 1973 година. Се селат во Германија.
Препознатлив е по својот минимализам. Вистинската слава како диџеј достигна по прво пуштање музика на Ибица за "Coccon" во 1999 година.Сопственик е на издавачката куќа "Плејхаус", со која има голем број успешни изданија.Она што го прави Рикардо Вилалбос карактеристичен е акробатската диџејска вештина.

Диџеј дуото Pan-Pot е откритие на Anja Schneider и нејзината реномирана издавачка куќа „Mobilee”. Составено е од продуцентите и диџеи Tassilo Ippenberger и Tomas Benedix, кои се запознале во нивниот роден град, Берлин на час по продукција. Се запознават со Anja и од тој момент стануваат дел од „Mobilee”, а нивниот албум „Pan-O-Rama” е веќе класика за еден модерен звук кој денес преовладува. Според бројот на настапи по клубови и фестивали, тие се најангажираното диџеј дуо во светот за 2015та година.

Македонските клабери конечно имаат можност директно да ја креираат електронската сцена. На вас останува кој диџеј го изберете за да гостува кај нас.

Гласајте тука.