Избегнувајте го овој дел од Скопје – целосно затворена улицата кон Волково

Денеска улицата  во скопската населба Волково ќе биде целосно затворена за сообраќај во периодот од 01:00 до 19:00 часот, поради финалните градежни активности за поставување на завршниот слој асфалт.

Како што информира ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, асфалтирањето ќе се изведува на потегот од крстосницата со улицата „Шарпланинска“ до крстосницата со улиците „Пат за Кучково“ и „Пат за Орман“. По завршувањето на асфалтирањето, ќе следува и обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација.

Улицата ќе биде недостапна за сите возила, а привремено ќе биде прекинато и движењето на автобусот број 22, кој редовно сообраќа на оваа релација.

Граѓаните кои мора да патуваат во овој дел од градот се советуваат да користат алтернативни правци, особено клучката од скопската обиколница, со цел да избегнат застои и непријатности.

Од претпријатието информираат дека за време на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.