Избегнувајте го овој дел од градот – улиците околу арената „Тодор Проески“ целосно затворени за сообраќај

Улиците што водат кон Националната арена „Тодор Проески“ вечерва се целосно затворени за сообраќај поради одржувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Шкотска.

Министерството за внатрешни работи спроведува посебен режим на сообраќај во овој дел од Скопје, а мерките ги реализира СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај.

Натпреварот од Лигата на нации меѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска е закажан со почеток во 20:45 часот на арената „Тодор Проески“.

Поради посебниот сообраќаен режим, возачите се советуваат да го избегнуваат овој дел од градот и да користат алтернативни правци.

„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, порачаа од МВР.