Избегнувајте го центарот на Скопје, за денеска најавен протест

Независниот синдикат на полицијата за денеска повика на јавен собир со почеток во 10 часот пред хотел „Вип“ (кај скопски саем) со барања за зголемување на платите, нов колективен договор во МВР, подобри права и услови за подобар живот.

Учесниците на протестот од хотел „Вип“ во 10.30 часот ќе се движат кон ТЦ „Мавровка“ – „Веро Џамбо“ – „Црвен крст“ - Собрание – крстосница „Палома Бјанка“ - кон „Илинденска“ до пред Владата.

Протестот е планиран да заврши околу 14.00 часот, а во 13.00 часот планирана прес-конференција пред Владата.