Избегнувајте ги овие работи за време на полната Месечина

Полната Месечина блеснува во својот сјај вечерва, а ни носи можност за личен развој, проширување на знаењата и чистење од емоционалниот товар.

Но, притоа можни се потешкотии за некои од нас. Важно е да ја насочиме енергијата во вистинска насока.

За време на полната Месечина, важно е да не ги потиснуваме своите чувства. Во изминатиот период го имавме ретроградниот Меркур и две помрачувања, па можно е да сме под стрес и со многу негативни мисли. Но, сега е моментот да се ослободиме од нив.

Не ги одложувајте работите. Ретроградниот Меркур одложи многу планови, но сегае момент да ги оствариме своите цели. Напорната работа ќе ви се исплати. Но, не очекувајте дека веднаш ќе се оствари она што сте го замислиле. 

Не ја преиспитувајте својата вредност. Ако нешто тргнало на лошо, тоа не значи дека вие не вредите доволно. Најдете во себе добра мисла и добра енергија и потсетете се на убавите нешта кои постојат во вашиот живот.

Не се затворајте во домот. Иако деновите се претопли, потрудете се барем во вечерните часови да излезете надвор, во природа и да уживате во глетката на полната Месечина. Тоа ќе ви помогне да постигнете рамнотежа, но и полесно да заспиете.